Пред 7 дена преживеа брачен бродолом, а сега ги истакна своите приоритети: „Се молам само за… (фото)

Пејачката и актерка Џесика Симпсон (44) неодамна потврди дека се развела од сопругот Ерик Џонсон (45). Двојката се венчаше во 2014 година, а во бракот наидоа на проблеми многу пред разводот.

„Јас и Ерик веќе некое време живееме одвоено и поминуваме низ болна ситуација во бракот“, изјави пејачката за магазинот „People“, осврнувајќи се на нивните моментални приоритети.

dzesika-simpson.jpg

„Нашите деца се наш приоритет и се фокусираме на она што е најдобро за нив. Благодарни сме за љубовта и поддршката што ја добиваме и бараме приватност додека поминуваме низ ова како семејство“, додаде Џесика.

Гласини за развод

Гласините за разводот на парот се појавија минатата година. Симпсон потоа објави фотографија од музичкото студио и ја најави својата нова музика, а во описот рече дека нејзиното враќање во музиката „е извинување за самата себе што трпилe сè што не заслужила“. Во исто време, тие престанаа да се собираат на училишните настани на нивните деца, а многумина забележаа дека Џесика долго време не објавила фотографија со нејзиниот сопруг. Освен тоа, следбениците на пејачката забележале дека таа на фотографиите не носи бурма, што ги навело да шпекулираат дека е сингл.

Брак и семејство

Поранешниот НФЛ играч Ерик Џонсон и Џесика Симпсон почнаа да се забавуваат во мај 2010 година, додека поранешниот спортист сè уште беше во брак со својата прва сопруга Кери Д’Анџело. По разводот од Кели, во јули 2014 година, Џесика и Ерик се венчаа и добија три деца: Максвел (12), Ејс (11) и Бирди (5). За жал, по 10 години брак, оваа позната двојка сега се разведе.