Глобалниот индекс на мир (GPI) го претстави годишното рангирање на најбезбедните земји во светот, кое го креираше Институтот за економија и мир. Така, најбезбедна земја во светот за 2023 година е Исланд, додека Македонија е на 38. место.
GPI ги рангира земјите според широк спектар на фактори, од нивоа на насилство и криминал до тероризам и меѓународни конфликти. Овој извештај ја претставува најсеопфатната анализа заснована на податоци за трендовите во мирот, економската вредност и начинот на кој се развиваат мирните општества.
Исланд го зазеде првото место на овогодинешната листа . Читателите кои го следат GPI низ годините нема да бидат особено изненадени – Исланд е на врвот на истражувањето секоја година од 2008 година.
Благодарение на ниската стапка на криминал, но и ниската воена потрошувачка и ниската стапка на меѓународни конфликти, Исланд е најбезбедната земја во светот.
Втора на листата беше Данска, делумно поради ниското ниво на владина корупција, додека трета беше Ирска, која скокна за пет места од истражувањето во 2022 година.
Босна и Херцеговина е на 61 место, а кога станува збор за земјите од Балканот, најдобро позиционирана на листата е Словенија која е на 8 место, Хрватска е на 14, а Македонија е на 38. Црна Гора е на 45. место, а Србија на 65. позиција.
Не секоја земја во светот е благословена со ниски стапки на криминал и ниско ниво на корупција. На другиот крај од спектарот се земјите кои страдаат од војна, широко распространето насилство и политичка нестабилност, што ги прави неверојатно несигурни. Така, Авганистан, Јемен, Сирија, Русија и Јужен Судан се меѓу најнебезбедните.