Прекинато снабдувањето со гориво за автобусите на ЈСП Скопје

Градот Скопје најави покренување постапка за утврдување материјална и кривична одговорност за непочитување на договорот.

Доставата на гориво за автобусите на ЈСП е суспендирана, соопштуваат од Градот Скопјe. Оттаму, го вперија прстот кон „Пуцко Петрол“ и сопственикот на компанијата, Асмир Јахоски, кој, како што велат, соочен со обвинувања и уцени, ја суспендирал испораката на гориво, иако имал активен договор.

Градот Скопјeј најави поведување постапка за утврдување материјална и кривична одговорност за непочитување на договорот за снабдување со нафта на ЈСП.