Од 14 часот и 10 минути е забранет сообраќајот за тешки возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража.
Како што информираат од ЈП „Државен пат“, застојот се изрекува од превентивни причини.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по одредени влажни места. Снег со слаб интензитет има во Маврово и на планинскиот премин Стража.