УНЕСКО и Меѓународната унија на архитекти ја прогласија Барселона за светска престолнина на архитектурата за 2026 година.
Барселона е еден од најпопуларните градови не само во Шпанија, туку и во Европа.
Важи за еден од најпосетуваните градови, а како да не биде кога изобилува со одлична храна, добра музика и безвременска архитектура.
Познато е дека во овој град живеел Антонио Гауди, одличен архитект кој е најзаслужен за изгледот на градот.
Уникатната архитектура и донесе посебна чест на Барселона. Барселона ќе биде светска престолнина на архитектурата во 2026 година, пренесува Archdaily.
Симболот на Барселона е црквата Саграда Фамилија, најголемата христијанска црква во светот која треба да биде завршена во 2026 година.