Преку смс-пораки до граѓаните се тестира системот за масовно известување во кризни состојби

Од Центарот за управување со кризи информираат дека до граѓаните се испратени тест-пораки со цел да се провери можноста за масовно известување во евентуална кризна ситуација.

Овој систем овозможува испраќање итни пораки до сите корисници на мобилни телефони кои се наоѓаат на определана географска област, без разлика кој мобилен оператор го користат. Цел е навремено и ефикасно информирање и тревожење на населението во случаи на пожари, поплави, земјотреси, опасни временски појави или други кризни ситуации, велат од ЦУК.

Додаваат дека центарот е обврзан да го воведе овој систем и дека веќе се почнати активности за изработка на физибилити студија.