Премиерот Мицкоски со највисоки почести го пречека српскиот премиер Вучевиќ

Српскиот премиер Милош Вучевиќ во официјална посета на Македонија. Со највисоки државни почести го пречека неговиот домаќин, премиерот Христијан Мицкоски, по што во Владата ќе одржат тет-а-тет средба.

Предвидено е да има и пленарна средба меѓу делегациите на двете земји, по што ќе следи потпишување Меморандум за соработка меѓу министерствата за енергетика, рударство и минерални суровини.

Премиерите Мицкоски и Вучевиќ ќе одржат и заедничка прес-конференција.