Премиерот на Ирска, Лео Варадкар, во видео порака и дава целосна поддршка на Македонија да стане членка на ЕУ. Варадкар нагласува дека ЕУ го штити и почитува националниот идентитет на земјите-членки, зборува и за економскиот развој и придобивките што ги има неговата земја како членка на ЕУ.
„Ирска целосно го поддржува барањето на Македонија да стане членка на Европската унија. Влеговме во ЕУ пред 15 години, бевме неразвиена земја, дури и релативно сиромашна земја по европски стандарди. Членството во ЕУ ни помогна да ја трансформираме нашата економија, да ја подобриме, за младите да останат во земјата и таму да го градат својот живот, како и да откриваат други можности“, вели ирскиот премиер во својот видео говор.
Варадкар во својот говор истакнува дека членството на Ирска во ЕУ и помогнало на земјата да го заштити својот национален идентитет. Премиерот на Ирска сака Македонија што поскоро да стане членка на големото европско семејство.
„Членството во ЕУ ни помогна да го заштитиме и зачуваме нашиот национален идентитет. Многумина тогаш велеа дека Ирска ќе биде проголтана од поголемата Европска унија, но Унијата не функционира така. Ги почитува националните идентитети и различностите. И со нетрпение очекувам Македонија да се приклучи на семејството на ЕУ што е можно поскоро“, рече Лео Варадкар, премиер на Ирска.