Премиерот на Хрватска, Пленковиќ јасно порача: “Хрватска би го уапсила Путин доколку дојде во земјата!“

Доколку во Хрватска дојде рускиот претседател Владимир Путин, по кого Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење, тој ќе биде уапсен во согласност со процедурата предвидена со закон, посочи во Брисел хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Хрватска пристапи кон статутот на Меѓународниот кривичен суд и беше донесен закон за соработка со тој суд.

Тој закон ги предвидува сите процедури во случај да има налог за апсење на лице и, колку што знам, таму не важи имунитетот. Затоа, постапката би била токму онака како што е предвидена со тој закон и секако би реагирала хрватската полиција и надлежните органи“, изјави Пленковиќ одговарајќи на новинарско прашање како Хрватска ќе постапи во случај на посета на Владимир Путин.