“ПРЕМНОГУ ПАЛЕСТИНЦИ ЗАГИНАА…“ – Ентони Блинкен (не)успешно ја заврши турнеата низ Блискиот Исток !?

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД), Ентони Блинкен, во петокот ја поздрави одлуката на Израел да се согласи на „хуманитарна пауза“ по неговата дипломатска офанзива во северниот дел на Појасот Газа и порача дека треба да се направи многу повеќе за заштита на цивилите.

Мислам дека е постигнат напредок“, порача Ентони Блинкен за време на кратката посета на Њу Делхи.

Но, исто така бев многу јасен за фактот дека има уште многу да се направи кога станува збор за заштита на цивилите и доставување хуманитарна помош“, додаде тој.

Тој прецизираше дека САД работат на „конкретни планови за тоа да се случи“.

Тој вели дека четиричасовните паузи секој ден ќе овозможат „спасување животи“ и ќе донесат поголема помош за Појасот Газа, која е под опсада на израелската Армија откако Хамас го нападна Израел на 7. октомври.

Во исто време, треба да се направи многу повеќе за да се заштитат цивилите и да се обезбеди дека добиваат хуманитарна помош“, нагласува тој.

Премногу Палестинци загинаа“, потенцира тој.

Во петокот, Ентони Блинкен ја завршува својата турнеја на Блискиот Исток и Азија, за време на која тој го посети Израел и Западниот Брег.

Тој повтори дека САД поддржуваат решение со две држави, израелско и палестинско, како единствен начин да се постигне „траен и праведен мир“.