Преполн е со тешки метали а луѓето го обожаваат! Ова е најштетното чоколадо што можете да го јадете

Една нова студија покажа дека многу производи од темно чоколадо кои моментално се на американскиот пазар содржат загрижувачки нивоа на токсични тешки метали.

Истражувачите анализирале 72 намирници на база на какао во текот на осум години, вклучително и темно чоколадо , кое често се смета за здрава. Резултатите покажале дека 43% од производите содржеле повеќе олово од дозволеното, додека 35% ги надминале дозволените граници на кадмиум.

Проверени 72 производи

Посебен шок за истражувачите беше фактот што чоколадата базирана на органско какао има повеќе олово и кадмиум отколку неоргански производи, според истражувачите. Не е јасно дали загадувањето со тешки метали може да потекнува од почвата или за време на самиот процес на производство на чоколада.

Иако една порција од овие производи од какао можеби не претставува значителен ризик по здравјето, консумирањето поголеми количини може да биде штетно.

– Сите сакаме чоколадо, но важно е да уживаме во него умерено, како и со другите намирници кои содржат тешки метали, вклучувајќи ја и крупната риба како туна и неизмиениот кафеав ориз – изјави Лајт Фрејм, водачот на истражувањето, пренесува „ plantbasednews “. .

Со тимот, таа проверила дури 72 производи на база на какао. Како што истакна Фрејмова, практично е невозможно да се избегнат тешките метали во храната, па затоа е важно да внимавате што и колку јадете.

 

Сериозни последици

Изложеноста на олово може да предизвика сериозни здравствени ефекти, како што се висок крвен притисок, проблеми со мозокот, бубрезите и репродуктивните органи.

Симптомите на труење со олово го вклучуваат следново:

– главоболка

– стомачни болки

– затвор

– болки во мускулите и зглобовите

– проблеми со спиењето

– замор

– нервоза и губење на сексуалната желба

Од друга страна, токсичноста на кадмиум може да резултира со следниве симптоми:

– потреси

– треска

– болки во мускулите

– Хроничната изложеност може да доведе до болести на бубрезите, коските и белите дробови

Претходна студија на Consumer Reports откри кадмиум и олово во 28 видови темно чоколадо.

Сепак, една студија на Универзитетот Тулејн покажа дека само една марка на темно чоколадо ги надминува меѓународните граници за кадмиум, додека само четири црни чоколадни плочки имаат нивоа на кадмиум што може да претставува ризик за малите деца.

Научниците рекоа дека конзумирањето на течни чоколадни преливи е апсолутно безбедно, без разлика дали е темно или млечно чоколадо.