Инаку, нараквицата е изработена во Италија
Министерството за внатрешна и надворешна трговија нареди да се повлече од пазарот нараквица што се продава во популарните продавници на „H&М“.
Станува збор за нараквица со мониста со затворач, марка H&M, со идентификациски броеви: PN 1163609 O/N 498512, 433537, 498564, 433538, 482859.
Производот се продаваше во машкиот оддел на H&M од 28 декември минатата година до 11 јули годинава. Инаку, нараквицата е изработена во Италија.
Како што е официјално наведено на веб-страницата , тaa е отстранетa од пазарот поради хемиски ризик.
Имено, нараквицата содржи ниво на олово кое ги надминува дозволените пропишани вредности.
Оловото е супстанца која претставува ризик за здравјето на луѓето и животната средина. Исто така, нивоата на изложеност може да предизвикаат штета и на луѓето и на животните.
Информациите за отповикувањето на артиклите се објавуваат во сите продавници на мало и на веб-страницата на дистрибутерот.
Од купувачите се бара да престанат да го користат производот и да го вратат во најблиската продавница во рок од 90 дена или да контактираат со дистрибутерот преку веб-страницата.