“ПРЕСТАНЕТЕ ДА ЛАЖЕТЕ!“ – ‘Готвачот на Владимир Путин’ повторно не штедеше зборови и жестоко ги нападна руските функционери:“Ова е трагедија, целиот фронт се руши. Армијата бега, ние им трошиме муниција…“

Евгениј Пригожин, основачот на озлогласената приватна организација Вагнер, во својот последен говор повтори дека руските вооружени сили ги предале своите позиции на периферијата на Бахмут. Според зборовите на Евгениј Пригожин, независниот руски веб-портал Meduza тврди дека тоа овозможило украинската Армија да заземе важни тактички делови.

Првиот човек на Вагнер изјави и дека блокадата на патот Бахмут-Часив Јар, кој поради важноста на снабдувањето беше наречен и „пат на животот“ е пробиена, па „непријателот ќе може да ја искористи“. И покрај деблокирањето, изворите на Meduza наведуваат дека патот се уште е под оган. Евгениј Пригожин и за време на својот нов јавен настап не се воздржа да ги критикува високите руски функционери. Овој пат негова цел беше портпаролот на Министерството за одбрана на РусијаИгор КонашенковЕвгениј Пригожин е сигурен дека згрешил кога на брифингот им кажал на новинарите дека руските војници зазеле позиции во делот Берховски.

Откако ги префрливме крилата, дојде до тактичко повлекување, па другарот Игор Конашенков, најблаго речено, лажира. Она што се случи беше дека војниците на Министерството за одбрана едноставно побегнаа од нашите крила“, тврди Евгениј Пригожин.

Тој додаде дека Вагнер требало да окупира уште 20 високи згради за целосно да го освои Бахмут, а потоа продолжил со „рафали“ кон Министерството за одбрана на Русија и уште еднаш ја напомена големата руска трагедија.

Земањето на Бахмут не ни дава ништо бидејќи крилата се распаѓаат, фронтот се руши. Залудни се обидите на Министерството за одбрана на информативната област некако да се смири ситуацијата и ќе доведат до глобална трагедија за Русија. Затоа, мора веднаш да престанете да лажете. Ако избегавте, изградете уште една линија на фронтот“, советува првиот човек на Вагнер.

Како и да е, Евгениј Пригожин е целосно надвор од контрола. Најдобар доказ е една од неговите вознемирувачки изјави што е објавена на неговиот профил на социјалната мрежа Телеграм. Имено, во неговиот прилично долг извештај за состојбите на бојното поле, во еден момент му побегна изјава која предизвика голема бура.

Зошто мораме да трошиме муниција на руски војници кои бегаат од бојното поле. Зошто ?“, прашува Евгениј Пригожин во видеото.