Претворете ги лушпите од јајцата во моќно средство за чистење: трик кој ги воодушеви корисниците на Инстаграм
Наместо да ги фрлате лушпите од јајцата по подготовката на оброкот, можете да ги претворите во моќен сојузник за чистење. Инфлуенсерката Адепоја Грејс го сподели овој едноставен трик на својот Инстаграм профил и даде идеја како да ги користите лушпите од јајца.
Наместо да ги фрлите, таа препорачува да се чуваат, да се варат во вода, а потоа да се исушат во рерна или на сонце.
После тоа, лушпите ги ставате во блендер, додавате прашок за перење и сè убаво измешајте. На крајот, во смесата додадете сода бикарбона. Оваа комбинација наводно прави чуда за садовите кои по употреба изгледаат како нови.
Инаку, лушпите се богати со калциум, дури содржат и до 90 отсто од овој важен минерал кој е клучен за здравјето на коските и целокупното здравје на организмот. Нема многу намирници кои содржат калциум колку што му е потребно на нашето тело.
Иако не можеме директно да ги конзумираме лушпите од јајца, постојат голем број други начини на кои можеме да ги користиме. Освен за чистење, тие можат да се додадат како додаток, со што ја збогатуваат почвата или да се користат како природни пестициди за штетници во градината.
Во иднина размислете како можете да ги искористите лушпите од јајцата пред да ги фрлите.