Се вршат претреси утринава кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со скандалот на Клиниката за онкологија.
Претресите се по наредба на јавен обвинител, а повеќе детали, надлежните институции најавуваат во текот на денот.
Полицијата утрово ги проверила лекарите од Клиниката за онкологија.
. Истражувањето е дел од акцијата што поранешниот министер Оливер Спасовски ја започна пред неколку месеци со скопското обвинителство за серијата злоупотреби што се случија во оваа клиника.
Според информациите, проверки имало и пред неколку месеци, по што обвинителството ја отворило предистражната постапка.
Во текот на денот чекаме информации од Обвинителството за денешните проверки.