Во моментов се врши претрес на локација на позната градежна компанија во скопско Батинци.
Фокусот на овие полициски мерки била да се обезбеди документација од лажирани јавни тендери и лажни ИСО сертификати, брифираат извори за Алфа.
Според нашите извори јавните набавки ќе бидат една од најголемите битки кои ќе ги водат истражните органи, на тој начин гарантирајќи го транспаретното и одговорното трошење на народните пари.
ИСО сертификатите претставуваат критериум за квалитет и безбедност во производството и услугите кои ги користат фирмите и граѓаните. Лажните ИСО сертификати не само што ја злоупотребуваат довербата на потрошувачите, туку исто така ги доведува во безбедносен ризик и опасност. Градежната фирма се сомничи за против правна имотна корист од неколку милиони евра.
Со ова веќе се праќа порака дека фокусот во борбата против криминалот ќе биде проширен на повеќе фронтови.