Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, приведени две лица

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Одделението за внатрешни работи Радовиш вчера го лишиле од слобода Р.А. (38) од Радовиш, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. 

Како што информира МВР, лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и во службениот разговор со него изјавил дека марихуаната ја набавил од Н.Б.(32) од Радовиш. 

-Врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОВР Радовиш извршиле претрес во домот на Н.Б., при што била пронајдена марихуана, дигитална вага, како и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Н.Б. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Радовиш, соопшти МВР. 

За настаните е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по нивното документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.