25.000 ВИБРАТОРИ! Хакиран моќен Русин: “Мислел дека купил дронови за армијата, па останал шокиран кога поштарот му заѕвонил на врата…“ (фото)

Украински активисти соопштија дека ја хакирале сметката за он-лајн шопинг на руските воени доброволци преку која купувале дронови за руската армија, а наместо тоа тие парите ги потрошиле на секс играчки, пишува Politico.

Групата наречена Kiber Sprotyv вели дека целта на сметката на AliExpress на Михајло Лучин, пријател на неодамна убиениот проруски воен блогер Владлен Татарски, била хакирана. Исто така, се вели дека Михајло Лучин собирал пари за да купи дронови за руските војници во Украина.

Тој е воен злосторник, волонтер и блогер, а сега е горд сопственик на дилдо“, се вели во соопштението на хакерите, заедно со кое објавиле скриншот (фотографија) на кој се гледа дека купиле секси играчки преку сметката на Михајло Лучин.

Украинците велат дека купиле сексуални помагала во вредност од 25.000 долари.

Се вели дека Михајло Лучин сега е горд сопственик на уникатна колекција дилда вредна дури 25.000 долари, колку што планирал да потроши за опремување на руската армија.

Но, сега наместо беспилотни летала, на руските војници ќе им испратат камион полн со дилда, вибратори и други ‘вредни’ предмети“, велат тие.

Михајло Лучин потврди дека неговата сметка на AliExpress била хакирана, но тврди дека успеал да повлече поголем дел од парите, освен 17.000 рубљи (околу 195 евра) кои биле потрошени за купување на секси играчки кои веќе биле испорачани. Тој додаде дека е навистина штета што нема проектили со доволен калибар за да ги погодат хакерите.

Во одговор на пропангадистот, групата Kiber Sprotyv вели дека тој лаже дека успеал да ги врати парите. Подоцна Михајло Лучин на својот профил на социјалната мрежа Телеграм напиша дека ќе отвори секс-шоп во Русија, ќе заработи пари и ќе купи уште повеќе дронови за руската армија.