Претседателката на Словенија не е задоволна од својата плата: “Зошто немам право на надоместоци ?“

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, не е задоволна од својата плата, на ова укажуваат од нејзиниот кабинет, од каде се чудат зошто на нејзе не и следуваат одредени надоместоци. Незадоволен беше и нејзиниот претходник Борут Пахор, кој пред десет години се пожали дека му е тешко со 3.000 евра месечно.

Тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на СловенијаУрош Крек, за ова напиша писмо до министерот за финансии, Клемен Боштјанчич, кој во тоа време беше министер за администрација. Се прашува за фактичката уставност на вториот став од член 23. од Законот за системот на плати во јавниот сектор, според кој функционерите, вклучително и денес Наташа Пирц Мусар, немаат право на надоместоци, освен додатокот за стаж. Од ова правило се изземени судиите и државните правобранители и им се доделуваат неколку надоместоци, како што е надоместокот за двојазичност.

Уставниот суд веќе одлучил по оваа точка, но Кабинетот на претседателот не се согласува со заклучокот на судот дека нема несогласување со Уставот, односно сметаат дека решението не е адекватно и дека другите функционери се ставени во неповолна положба односно позиција vis-à-vis судијата и државните правобранители.

Основната бруто плата на словенечката претседателка е 5.663,42 евра, а нејзиниот сопруг Алег Мусар, еден од најбогатите Словенци, добива одреден додаток на кој му следува како нејзин партнер.