СО АВТОМОБИЛ УДРИЛ ДЕТЕ (8) И ПОБЕГНАЛ: Случајни минувачи се фаќаа за глава, камерата сними се (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Во населбата Лужани на Илиџа во Босна и Херцеговина вчера се случила страшна сообраќајна несреќа во која возач на мерцедес удрил во дете (8).

На видеото кое е објавено на каналот „Црна хроника“ на Јутјуб може да се види како детето одеднаш истрчува на улица и во него удри автомобил. После тоа, возачот излегува од автомобилот и му приоѓа на повредениот, но наместо да му помогне, тој се враќа во автомобилот и бега.

На видеото се гледаат и случајни минувачи кои му пришле на повреденото момче обидувајќи се да го спречат возачот кој избегал, но безуспешно. Портпаролката на МУП на КС, Мерсиха Новалиќ за Klix.ba изјави дека детето се здобило со полесни повреди.