Претседателката на Унгарија Катлин Новак поднесе (не)очекувана оставка

Претседателката на Унгарија, Каталин Новак, поднесе оставка поради протестите поради нејзиното помилување на маж осуден за сексуална злоупотреба на деца.

Претседателката Каталин Новак со денови се соочува со зголемен притисок да поднесе оставка поради нејзината контроверзна одлука да помилува маж осуден за прикривање злосторства извршени од сексуален предатор во дом за деца.

Во саботата, претседателката во телевизиска порака објави дека ќе се повлече од претседателската функција, функција која ја извршува од 2022 година.

Издадов помилување што предизвика конфузија и немир кај многу луѓе. Не бев во право“, изјави Каталин Новак.

Каталин Новак – првата жена претседател во историјата на Унгарија – предизвика невиден политички скандал за долгогодишната националистичка Влада во земјата.

Во петокот имаше протести во унгарската престолнина Будимпешта, барајќи нејзина оставка.