ФОТО | “КОЈ Е КОЈ ?“ – Германскиот канцелар и американски сенатор како близнаци: “Прекрасно е повторно да го видам мојот двојник“

По средбата во Вашингтон, германскиот канцелар Олаф Шолц и американскиот сенатор од Делавер, Крис Кунс, објавија селфи со порака дека секој од нив го пронашол својот двојник.

Отприлика на иста возраст (60 г. и 65 г.), слична висина (околу 170 сантиметри) и седа ќелава коса, се чини дека двајцата политичари, покрај политичките ставови кон Украина и љубовта кон политиката, делат и многу физички сличности.

По состанокот во четвртокот, Олаф Шолц и Крис Кунс направија селфи и го објавија на интернет со истото прашање.

Кој е кој ?“, се пошегува Кирс Кунс во описот на објавата.

Прекрасно е повторно да го видам мојот двојник“, напиша лидерот на германската коалициска Влада на социјалната мрежа Х (Твитер) во реобјавување на истата фотографија.