Путин ја напушти Москва! По турбулентните настани во земјата донесе нова одлука

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во Дербент, каде ќе се сретне со шефот на Руската Република Дагестан, Сергеј Меликов и ќе учествува на низа настани.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека министерот за економски развој Максим Решетников ќе подготви извештај за реализацијата на туристичките проекти во Севернокавкаскиот федерален округ, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека Путин со рускиот министер за транспорт Виталиј Савељев ќе разговара за инфраструктурната поддршка за туризмот во Севернокавкаскиот федерален округ.