Претседателката Силјановска Давкова отповика седуммина амбасадори

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова го потпиша указот за повлекување на седуммина амбасадори.

Станува збор за вонредни и семоќни амбасадори во пет земји и две организации.

Меѓу повлечените е и македонскиот амбасадор во НАТО, Дане Талески, кој според одлуката ќе остане амбасадор до 15 јануари 2025 година. За останатите мандатот завршува на 30 ноември годинава.

Повлечен е амбасадорот во Албанија, Данчо Марковски, потоа Теута Агаи Демјаха, која е шеф на постојаната мисија на Македонија во Организацијата на ОН во Женева.

Уредбите за повлекување важат и за амбасадорката на Светата столица во Ватикан, Марија Ефремова, потоа Фатон Беита од Данска, Сали Лимани од Казахстан и Шабан Јашари, кој е амбасадор во Катар со седиште во Доха.