Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод новогодишните празници донесе одлука за помилување на 7 осудени лица, од кои за едно потполно, а шест лица делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на казната затвор, соопштија од Кабинетот на претседателката.
Шестмината осудени лица се помилувани во траење од 3 месеци, а едно лице, во траење од 3 месеци и 4 дена, што кај него доведе до потполно ослободување од извршување на казната затвор.