– Претседателот на виетнамскиот парламент Вуонг Дин Хуе поднесе оставка поради „прекршувања и пропусти“, соопшти денеска виетнамската влада, што претставува нова етапа во политичките превирања во земјата само неколку недели по оставката на претседателот Во Ван Туонг.
Претседателот на Националното собрание е меѓу четирите „столбови“ на лидерството во Виетнам, кој официјално нема врховен лидер.
Шеесет и седумгодишниот Хуе е избран како можен кандидат за функцијата секретар на Комунистичката партија на Виетнам, најмоќната функција во земјата.
„Прекршувањата и пропустите на другарот Вуонг Дин Хуе предизвикаа негативно јавно мислење, што влијаеше на угледот на партијата, државата и на него лично“, се вели во објавата на владината веб-страница, цитирајќи ја изјавата на Централниот комитет на Комунистичката партија на Виетнам (ВКП).