ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА САД НИШТО НЕ ОСТАВА НА СЛУЧАЈНОСТ – Џо Бајден доби уште една доза од вакцината против вирусот Ковид-19
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден (80 г.), примил уште една доза од вакцината против вирусот Ковид-19, како и годишната вакцина против сезонскиот грип, соопшти неговиот докторски тим, пренесуваат американските медиуми.
„Како што влегуваме во сезоната на настинки и грип, претседателот ги охрабрува сите Американци да го следат примерот“, рекол личниот доктор на Џо Бајден, Кевин О’Конор.
Во САД, минатата недела беа одобрени ажурирани верзии на вакцините од Pfizer и Moderna, кои се подобро прилагодени на варијантите на вирусот во моментот во оптек.
Бројот на хоспитализации поврзани со вирусот се зголеми во САД во последните недели.
Успехот на новата кампања за вакцинација е неизвесен бидејќи само 17 отсто од Американците ја примиле претходната доза од вакцината против вирусот Ковид-19.