Претседателот на СДСМ Филипче во работна посета на Франција

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес е во еднодневна работна посета на Франција. Во рамките на посетата, Филипче ќе се сретне со пратеничката и потпретседателка на групата за пријателство Франција-Северна Македонија во францускиот парламент, Лилијана Танги.

Како што соопштија од СДСМ, Филипче ќе одржи средба со раководителот на Канцеларијата за соседство, проширување и одбрана при Генералниот секретаријат за европски прашања, Џозеф Џустинијани.

За време на работната посета на Париз, Филипче ќе се сретне со директорот за континентална Европа во Министерството за Европа и надворешни работи, Брајс Рокефај, и со специјалниот претставник за Балканот, Рене Троказ.

Филипче ќе се сретне и со Бенџамин Куто, истражувач во Институтот „Жак Делор“.

„Фокусот на состанокот ќе биде спроведувањето на реформската агенда и моменталната состојба на процесот на европска интеграција на Македонија“, се наведува во соопштението на СДСМ.