Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол, прогласи воена состојба, велејќи дека мерката е неопходна за „да се заштити земјата од комунистичките сили“.
„Со цел да се заштити либералната Јужна Кореја од заканите од комунистичките сили на Северна Кореја и да се елиминираат антидржавните елементи… Со ова прогласувам вонредна состојба“, рече Јун во телевизиско обраќање во живо до нацијата, обвинувајќи ги опозициските сили за контрола парламентот, сочувствувајќи со севернокорејскиот режим и „парализирајќи ја владата со антидржавни активности“.
Во вонредното телевизиско обраќање, Јун, исто така, ја нагласи потребата од „искоренување на просевернокорејските сили и заштита на уставниот демократски поредок“.
Што значи прогласување воена состојба
Прогласувањето воена состојба не значи објава на војна, туку мерка што ѝ овозможува на војската да ја преземе контролата врз цивилните власти со цел да го одржува редот и безбедноста. Ова може да вклучува ограничување на граѓанските права, како што се слободата на движење и собирање, и воведување медиумска цензура.
Ваквите мерки обично се преземаат во ситуации на сериозна закана за националната безбедност, како што се надворешни закани или внатрешни немири.
Опозицијата свика итен состанок
Овој потег на претседателот Јун Сук Јеол предизвика загриженост кај јужнокорејската јавност за влијанието врз демократските процеси во земјата, а опозициската Демократска партија свика итен состанок на своите пратеници за да разговараат за ситуацијата.