Претседателот на државата, Стево Пендаровски, денес ќе престојува во работна посета на Република Косово.
Од Кабинетот на претседателот информираат дека е предвидено во Приштина тој да се оствари средби со претседателката, Вјоса Османи Садриу и со премиерот, Албин Курти.
Во Пеќ, претседателот Стево Пендаровски ќе ја посети Регионалната команда – Запад на КФОР, кадешто е предвидено да оствари средба со командантот полковник Франческо Ферара и со припадниците на македонскиот контингент во рамки на КФОР.