ПРЕТХОДНАТА ВЕЧЕР СТЕ ПИЕЛЕ АЛКОХОЛ, А ДЕНЕС НЕ МОЖЕТЕ ДА ИЗЛЕЗЕТЕ ОД ТОАЛЕТОТ ? Доктор објаснува што се случува со нашето тело: “Ова не смее да потрае со денови!“

И покрај советите како да се напиете без да се опиете за празниците кои следуваат, факт е дека многу луѓе се борат со мамурлакот. Главоболка, замор и варење се само дел од симптомите, но експертите предупредуваат на една помалку позната последица – постојано одење во тоалет следниот ден. Гастроентерологот д-р. Винсент Хо објаснува дека алкохолот го попречува начинот на кој вашето тело ја обработува храната.

Алкохолот може да го забрза движењето на храната низ желудникот и цревата, предизвикувајќи дијареа. Исто така, ја намалува апсорпцијата на хранливи материи, а луѓето кои уживаат во слатки алкохолни пијалоци се повеќе склони кон проблеми со тоалетот следниот ден. Затоа е важно кој алкохол ќе го изберете за време на прославите. Пијалоците како пивото и виното го забрзуваат минувањето на храната, додека водката и вискито го забавуваат, создавајќи чувство на непријатност.

Докторот истакнува дека доколку често имате проблеми со варењето, најдобро е да внимавате кој вид на алкохол најмногу ве погодува. Според него, избегнувајте мешање на алкохол со пијалоци кои содржат кофеин, за кои е познато дека предизвикуваат проблеми со цревата.

Од друга страна, ако навистина имате запек, останете хидрирани. Д-р. Винсент Хо препорачува пиење вода дури и пред консумирање алкохол. Исто така, водата помеѓу алкохолните пијалоци и пред спиење може да ви помогне да избегнете непријатност. Внесувањето на протеини е исто така корисен совет.

Промените во цревата после пиење алкохол обично поминуваат брзо и не се опасни и сами се решаваат во рок од неколку дена. Сепак, гастроентеролог открива дека ако симптомите продолжат неколку дена по консумирањето алкохол, тоа може да биде знак за дигестивни здравствени проблеми.