Прејадувањето НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ КАРАКТЕРИСТИКА НА ПРАЗНИЦИТЕ – избегнете скок на холестерол и масни наслаги со овој напиток

За се треба да има мерка! Дури и кога станува збор за храна. Сезоната на празници може да биде предизвик за нашето здравје, особено за нивото на холестерол во крвта. Со толку многу вкусна храна на трпезата, тешко е да се одолее на изобилството на слатки, солени грицки и богати јадења кои можеби не се најпријателски за нашиот холестерол. Но, не грижете се, постојат начини да останете на патот кон добро здравје дури и во овие радосни и пред се, најхранливи денови во годината.

Зголемен лош  холестерол и празници на хоризонтот… Не е завидна ситуација, но со мало намалување на диетата и овој здрав, домашен напиток, ќе можете   без грижа на совест да уживате во прославите на животот во вашата чинија .

Не е тајна дека одредена храна може да помогне во намалувањето на  ЛДЛ  („лошиот“) холестерол, што предизвикува таложење на наслаги во артериите и доведува до срцеви заболувања, срцев удар и мозочен удар. Но, она што може да ве изненади е тоа што овие намирници се вкусни и лесно се вклучуваат во секојдневните оброци без да се жртвува вкусот или забавата.

Не е тајна дека одредена храна може да помогне во намалувањето на  ЛДЛ  („лошиот“) холестерол, што предизвикува таложење на наслаги во артериите и доведува до срцеви заболувања, срцев удар и мозочен удар. Но, она што може да ве изненади е тоа што овие намирници се вкусни и лесно се вклучуваат во секојдневните оброци без да се жртвува вкусот или забавата.

За борба против овие масти потребно е да се храните здраво, како и да бидете физички активни, но научниците неодамна открија дека значително помага и едно овошје.

Станува збор за јаболка, исклучително богати со пектин – состојка која му дава густина на овошјето кога ќе се свари во џем или слатко. Пектинот е корисен бидејќи ја врзува водата и го ограничува количеството на масните клетки што можат да го апсорбираат. Благодарение на влакната, јаболката помагаат подолго да се чувствувате сити.

Јаболкото и циметот ги „отстрануваат“ мастите:

Истражувањата покажаа дека земањето само половина лажичка цимет дневно може да го намали лошиот холестерол, да го подобри варењето и да ги намали триглицеридите.

За пијалок ви треба вода со јаболко и цимет – јаболкото треба да го исечете на кришки, да додадете една лажичка цимет и да го прелиете со зовриена или филтрирана вода и да го оставите да отстои час или два. Напитокот пијте го во текот на денот кога и да посакате.

Антиоксидансите од циметот го стабилизираат нивото на шеќер во крвта и ја намалуваат желбата за јаглени хидрати, а притоа не поттикнуваат прекумерно лачење на инсулин, што е важен фактор за успешно слабеење. Бидејќи редовниот „провоцирачки“ инсулин го промовира таложењето на масни наслаги во организмот, а како што велат експертите, со користење на цимет ќе се стави под контрола лачењето на инсулинот што ќе овозможи топење на масните наслаги.