Гуќѓжви на автобуските станици низ главниот град поради редуцираниот распоред на приватните автобуси.
На станицата о Синѓелиќ, улениците долго чекаа за да стигнат на училиште, а една граѓанка ни кажа дека доцни на работа.
Сообраќањето на приватните автобуси со намален распоред започна од вчера и ќе продолжи се до решавање на проблемот за покачување на тарифата по километар, рече приватниот превозник Хисен Халили. Тој вели дека со цената што е одредена пред 8 години функционираат до сега, со 68 денари по километар, а тие сега бараат 134 денари.
„Всушност, поентата е што додаваме пари, а не заработуваме, секој работи за да заработи! Имаше консултации, средби со Град Скопје за овој проблем и конечно беше постигнат договор дека пред оваа седница што вчера ја имаше Советот на Град Скопје, советничката г. Макфире Хисени дава иницијатива за промена на цената, таа во понеделникот ја достави до претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славевски и до градоначалничката Данела Арсовска. Данела Арсовска дала позитивно мислење за ова бидејќи претходно била информирана за истото, но претседателот на Советот на Град Скопје не ја стави оваа точка на дневен ред за нашиот случај“, вели Хисен Халили.
Друг приватен превозник, Бранислав Митевски вели дека за следната седница на советот на Град Скопје треба да чекаат еден месец, а возачите не можат да работат со иста наплата, додавајќи дека додека не се реши проблемот, нема да возат со полно работно време.
Од Град Скопје велат дека скопјани и приватните превозници со години се заложници на политичкиот дилетантизам на ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено, за вчерашната седница на Советот на град Скопје приватните превозници до претседателот на Советот Трајко Славевски испратиле барање за зголемување на цената на услугите. Ова барање Славевски одбил да го стави на разгледување пред советниците, што е причина за револтот кај приватните превозници денес“, велат од Град Скопје.
Приватните превозници бараат вонредна седница на советот на Град Скопје за да се разгледа нивното барање бидејќи редовната седница ќе се одржи на 21 октомври.