Полициски службеници денеска на автопатот А-1, Скопје-Гевгелија, кај клучка Неготино, ги привеле Х.К.(52 г.) и М.С.(54 г.), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека 30.03.2023 во Неготино извршиле три кривични дела тешка кражба на дрзок начин, соопшти МВР.
Кражбите ги извршиле во периодот од 12.05 часот до 12.30 часот, при што на три жени од Неготино од ташните им одзеле паричници со пари и лични документи.
По целосно документирање на случаите ќе следат кривични пријави, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело по чл. 236. ст. 3 од Кривичниот законик.