НЕВЕРОЈАТНО – Луѓето од обезбедувањето немаат милост! Навивач сакаше да ја запроси девојката на теренот, па наместо ‘ДА’ доби брутален нокаут (видео)

Навивач на Лос Анџелес Доџерс истрча на теренот со најдобра намера, сакаше да ѝ приреди на својата девојка незаборавен спектакл, но не одеше сè според планот.

Во петокот Лос Анџелес Доџерс играше против Аризона, а еден навивач влегол на теренот да ја изненади својата девојка, бидејќи во таа прилика сакал да ја запроси и да ја побара за жена.

Кога клекнал на теренот, човек од обезбедувањето се втурнал кон него и брутално го соборил на земја.

Како изгледало сето тоа погледнете во приложеното видео: