Приведени затвореник и затворски полицаец од Струмичко

 Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово денеска на пладне ги лишиле од слобода Р.М. (42) од село Водоча и Д.Д. (27) од село Рич, Струмичко.

Како што соопшти МВР, лицата биле лишени од слобода на крстосницата кај село Чалакли, Валандовско.

Р.М. кој денеска во периодот  од 7.00 до 19.00 часот бил на работа како затворски полицаец во Затвор-Струмица, пречекорувајќи ги неговите овластувања му овозможил на осуденикот Д.Д., кој во моментот издржува затворска казна, времено да го напушти затворот, иако за тоа немал соодветно Решение. Двајцата со приватното возило на Р.М. се упатиле кон село Јосифово, Валандовско.

За случајот се запознаени Основното јавно обвинителство Струмица и Затворот Струмица, а по негово  целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава