Приведени крадци во Битола кои го признале делото, одземеното ќе биде вратено на сопственикот

– Полицијата приведе тројца млади лица, од кои двајца малолетници во Битола кои се сомничат дека извршиле тешка кражба на предмети и инсталација во сопственост на ЕВН Македонија- ХЕЦ Сапунчица во село Дихово. Тие го признале делото, а пронајденото е одземено и ќе биде вратено на сопственикот, известуваат од Министерството за внатрешни работи.

– Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола денеска во Битола ги лишиле од слобода Д.А.(21) и две лица на возраст од 17 години, сите од Битола, кои се сомничат дека на 13.11.2023 во с.Дихово, битолско, извршиле тешка кражба на предмети и инсталација во сопственост на ЕВН Македонија- ХЕЦ Сапунчица во с.Дихово. Приведените во целост го признале кривичното дело, а пронајдени и одземени им се и предметите кои потекнуваат од кривичното дело „тешка кражба“ и пронајденото ќе биде вратено на сопственикот, велат од МВР.

Најавуваат дека по целосно документирање на случајот против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава.