– Во скопското село Инџиково денеска во 13:35 часот е лишен од слобода П.К.(23) од Скопско. За него била распишана централна потерница, врз основа на судска наредба со која се барал за издржување на затворска казна во траење од една година.
Како што соопшти МВР, лицето е предадено во ПС ОН Гази Баба за понатамошна постапка по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа.