Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово синоќа го привеле Ш.И. (39 г.) од Куманово.
Како што соопштуваат од МВР, при претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, наведуваат од полицијата.