Приведен крадец во Куманово, украл предмети вредни близу 20.000 евра, одземеното вратено на сопственикот
– Полицијата уапси триесет и тригодишен кумановец кој се сомничи дека со уште едно лице од магацин украл предмети во вредност од 20.000 евра, соопшти полицијата. Предметите се вратени на сопственикот.
-Денеска во 16.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(33) од Куманово.Тој се сомничи дека ноќта помеѓу 25 и 26 јануари годинава со уште едно лице од магацин на правен субјект на булеварот “Октомвриска револуција” во Куманово одзеле повеќе предмети со вкупна вредност од околу 20.000 евра., информираше полицијата.
Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициската станица и по целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.