ПРИВИЛЕГИ КАКО ДА СЕ ЦАРЕВИ: Роналдо и другите играчи на Ал Наср добиваат нешто што никој друг во земјата не може
Сакаат да покажат какви домаќини се.
Фудбалерите на Саудиска Ал Наср на чело со Кристијано Роналдо во вторник ќе гостуваат во ирански Персеполис во рамките на азиската Лига на шампиони, а во таа земја мерките се подигнати на највисоко ниво поради доаѓањето на Португалецот.
Имено, иранските власти имаат намера на Роналдо и на другите играчи на Ал Наср да им дадат специјална СИМ-картичка, која ќе им овозможи неограничен пристап до интернет, што е привилегија која обичните Иранци ја немаат.
Реза Дарвиш, претседателот на Персеполис, на државната телевизија изјави дека само оние кои „сакаат да го уништат угледот на Иран“ им кажуваат на фудбалерите дека нема да можат нормално да користат Интернет во Иран.
– Разговарав со директорот на нашата најголема телекомуникациска компанија и му реков дека сакам фудбалерите кои доаѓаат да добијат неограничен интернет за да можат да го користат цело време кога се наши гости – рече Дарвиш.