Основачот на руската паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин, денеска нареди, по повод Велигден, поголема група воени заробеници да биде префрлена на територијата на Украина, пренесува ТАСС.
– Подгответе ги, нахранете ги и оставете ги да пијат. Нека дојдат ранетите за да можат лекарите да ги прегледаат – рече Пригожин.
На видеото се гледа како еден од Вагнеровите борци ја споделува наредбата за префрлање на воените заробеници на украинската страна.