,,Признавам, повеќе ја сакам помалата ќерка” Изјавата на мајката го ,,запали” интернетот, а наиде и на осуда! „Ниту една нормална мајка не размислува така“ (фото)
Сите знаеме дека едно од најважните неискажани правила на родителството е никогаш да не избирате миленици меѓу вашите деца. Сепак, понекогаш ќе признаеме дека има моменти кога едното дете си поигрува со нашето трпение, а другото е ангел. Обично тоа е минлив момент, но не и за анонимната мајка која решила јавно да проговори дека ја фаворизира својата помала ќерка пред нејзиното постаро дете.
Според Мирор, мајката ги сменила имињата на децата за да го заштити нивниот идентитет. Таа ја опиша својата постара ќерка Џема (10) како особено тешка, додека седумгодишната Аурора „е дете кое не прави проблеми, сака да учи и секогаш се труди да ги израдува своите родители“.
„Признавам дека повеќе ја сакам помалата ќерка. Постарата е толку пребирлива и прави проблеми ако зготвам нешто што не и’ се допаѓа. Таа нема чувства кон мене, воопшто не сме поврзани“, напиша таа.
,,Од друга страна, Аурора е прекрасна. Џема постојано се жали дека секогаш сум на страната на Аурора и таа ја обвинува неа за сè. Неодамна таа се налути затоа што ја фаворизирам Аурора. Мојот сопруг исто така мисли дека не сум фер, но сосема е човечко да ја претпочитам Аурора со оглед на околностите. Дали сум во право?“, ги прашала таа корисниците на Редит.
Повеќето луѓе се згрозени од нејзиното признание и истакнуваат дека тоа е неправедно.
,,Двете девијчиња се ваши деца. Ниту една нормална мајка не би рекла дека сака едно дете повеќе од друго“, „Безусловната љубов значи дека сакаш подеднакво, без разлика на сè. Ти си родителот, а таа е детето“, велат тие.