ПРИКАЖАНО НА КАРТАТА – На сметка на која држава најмногу се шегуваат во Европа

На Инстаграм страната на Geoinst беше споделена интересна мапа на која се гледа со кои земји најмногу се шегуваат Европејците.

На споменатата страница која секојдневно носи интересни географски податоци, на мапата е претставено во која земја во Европа се прават најмногу шеги.

Судејќи според презентираното, во Македонија најмногу се шегуваат на сметка на Грците, а нашата земја е ‘извор’ на шеги на Бугарија.

Кога станува збор за другите земји, интересно е што Италијанците најмногу се шегуваат на сметка на сопствената земја.

Повеќето други земји најмногу се шегуваат на сметка на своите соседи, што е случај со Велика Британија и Ирска, Шведска, Норвешка и Финска, како и Франција и Белгија.

Исто така, единствената земја надвор од Стариот континент која беше предмет на шеги е Аргентина, а Португалецот се пошегува на нејзина сметка.