За сите 664 првачиња кои се запишаа во новата учебна 2023-2024 година прилепската локална самоуправа обезбеди бесплатен оброк. Првачињата ќе добиваат бесплатен оброк од здрава храна.
- Целта е финансиски да им олесниме на родителите, кои за прв пат ги запишуваат своите деца во училиште, но и да обезбедиме правилна и навремена исхрана за развој на децата. Нашите ученици заслужуваат квалитетно образование, но и добри услови за работа за што се залагаме сите, и локалната самоуправа и раководителите на образовните институции, за да создадеме можности за подобра иднина на нашите деца, вели прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.
Десетте основни училишта во прилеп се подготвени за почетокот на новата учебна година. Според податоците, годинава се за 100-тина деца помалку во прво одделение, што е повеќегодишен тренд на намалување на бројот на првачињата.