ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ ПОСЕТИЛ ГЕЈ РЕСТОРАН !? Јавноста шокирана а тој во опуштена атмосфера ужива со ‘пријателите’!: “Тоа беше одлична ноќ!“ (фото)

Принцот Вилијам неодамна ги изненадил гостите во еден геј ресторан во Варшава, Полска кога седнал на масата до нив и нарачал оброк.

Посетителите на ресторанот „Buetero Bistro“, опишан на интернет како „геј ресторан“, останале запрепастени кога го виделе наследникот на британскиот трон како ужива на вечера која чинела помалку од 10 евра.

Еден посетител на ресторан го фотографирал 40-годишниот принц додека седел на маса во кошула без вратоврска и му нарачувал на келнерот работи од менито.

Принцот Вилијам во геј ресторан во Полска

Извор открил за Daily Mail дека – „тимот на принцот Вилијам резервирал локален ресторан во близина на местото каде што работеле и принцот одлучил да им се придружи“.

Тоа беше одлична ноќ. Тимот навистина вил почестен што принцот им се придружи“, изјавил инсајдерски извор за британскиот таблоид. Сопственикот на ресторанот открил дека Вилијам нарачал сендвич од свинско месо и сето тоа го изел.

Инаку, принцот е во посета на Полска за да ја изрази својата поддршка за таа земја бидејќи им помогнала на бегалците раселени од војната во Украина. За време на неговото официјално патување, тој се сретна и со британските и полските војници на украинско-полската граница и ги пофали за нивнта напорна работа.