ПРИНЦОТ ХАРИ Е БОЛЕН – Познат доктор во живо пред публиката ја откри ‘тајната’ болест на престолонаследникот!
За време на разговор во живо со експертот за траума, д-р Габор Матео, принцот Хари кажа дека секогаш се чувствувал поинаков од остатокот од неговото семејство, и се спореди со неговата покојна мајка, принцезата Дијана.
„Со сигурност, во текот на животот, односно младоста, се чувствував некако поразлично од остатокот од семејството… Се чувствував чудно додека бев во тој период, а знам дека и мајка ми го чувствуваше истото… Како да сум во телото, а со умот надвор, а понекогаш беше и обратно“, изјави тој, а објави Sky News.
Војводата од Сасекс размислувал и за сопствените стравови со кои се соочувал пред да оди на психотерапија.
„Една од работите од кои најмногу се плашев е да ги изгубам чувствата што ги имав кон мајка ми. Ме ’уби’ помислата дека ако одам на терапија ќе изгубам се што ми остана, се што успеав да задржам од неа, но испадна дека не е така, беше токму спротивното. Ја пребродив тагата што ја чувствував и се обидов да и докажам колку ми недостига, со помислата дека мајка ми би сакала само да бидам среќен. Кога го сфатив тоа, огромен камен падна од моето срце“, рекол Хари.
Специјалистот за траума, д-р Матео, за време на разговорот му дијагностицираше на војводата од Сасекс нарушување на дефицит на внимание (ADD), во живо, пред публиката.
„Читајќи ја твојата книга и слушајќи те, ти дијагностицирам ADD… Тоа го гледам како нормален одговор на стресот“, изјавил докторот и додал дека може да се излечи на која било возраст.
Во продолжение на разговорот Хари открил и дека марихуаната „навистина психички многу му помогнала“.
„Земањето кокаин не ми направи ништо, но марихуаната е поинаква, всушност навистина ми помогна“, изјавил тој.
Хари за време на разговорот се осврнал и на периодот кога бил на воена служба во Авганистан, на што д-р Матео изјавил дека „лично не се согласува со политиката што ја води Западот по ова прашање“.
„Зошто толку многу луѓе во Велика Британија не ги поддржаа нашите воени трупи ? Затоа што претпоставуваа дека секој што служи воен рок се спрема за војна. Но, тоа не е така. Откако ќе се регистрирате, го правите она што ви е кажано. Значи, имаше многу од нас кои не мора да се согласуваат или не се согласуваат со таа политика, но го направивме она за што бевме обучени“, заклучил војводата од Сасекс, давајќи коментар за политиката на Велика Британија кон Авганистан.