Принцот Хари откри сè за разводот со Меган Маркл: Се шпекулираше со недели, сега сè е јасно (фото)

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл повторно се главна тема на таблоидите. Веќе некое време се пишуваше дека сопружниците имаат криза во бракот и дека дури и се развеле.

Нивниот молк за овие шпекулации уште повеќе ги подгреа озборувањата. Сепак, принцот реши да зборува на оваа тема: 

profimedia-0936031154.jpg

,,Наводно сме ја купиле или смениле куќата 10, 12 пати. Исто така, наводно се разведувавме можеби 10, 12 пати. Па што е со тоа?“, рече тој на самитот организиран од Њујорк Тајмс.

Тој додаде дека се навикнал на медиумското лудило, а и дека му е жал за хејтерите кои вложуваат време во неговиот брак.

„Нивните надежи само се градат, а потоа тоа не се случува. Па, жал ми е за нив. Искрено“, рече тој.

Тој се извини и на новинарот кој го интервјуираше, бидејќи смета дека и тој може да стане жртва на гнев по нивното интервју. Тој вели дека не се сомнева дека интервјуто ќе биде свртено против него, па затоа евентуално и против новинарот на Њујорк Тајмс со кој разговарал.

„ Можам само да се извинам за тоа, но вие ме поканивте, па не сум јас виновен “, одговори на шега принцот.