Принцот Хари ја откри вистинската причина зошто никогаш нема да се врати во татковината со Меган Маркл и децата: Ја спомена и својата покојна мајка (фото)
Принцот Хари ги негираше тврдењата дека може да се врати во Велика Британија со своето семејство. За ова тој зборуваше за време на посетата на Њујорк, каде што се појави на самитот Дилбук, организиран од Њујорк Тајмс.
Водителот Ендрју Рос Соркин во еден момент го прашал дали планира засекогаш да остане во Америка.
,,Да. Многу сакам да живеам овде и да ги носам моите деца таму”, одговорил Хари, додавајќи дека неговиот американски живот, минус кралските обврски, изгледа како живот кој мајка му го сакала за него.
Потоа ја откри вистинската причина поради која сака да остане во Америка со сопругата Меган Маркл и нивните две деца. Тој рече дека во САД им е овозможено ниво на приватност и живот полн со активности што нема да можат да ги имаат во ОК поради безбедносни причини.
На почетокот на 2020 година, Хари и Меган го шокираа светот со одлуката да се повлечат од кралските должности и да се преселат во САД. И додека многумина ја обвинија Меган за тоа, неодамна протекоа информации дека Хари имал желба да побегне уште пред да ја запознае сегашната сопруга.
Ова го откри во 2015 година за време на патувањето во Нов Зеланд, една година пред да ја запознае Меган. Кралскиот дописник Ријанон Милс се присети на разговорот што го имала со Хари во тоа време.
,,Го прашав: Дали некогаш сте размислувале да се оддалечите? Тој рече: „Да, би сакал да се оддалечам, но не можам поради тоа што треба да направам за да ја поддржам кралицата“, откри за кралското ексклузивно шоу.
Тој вели дека таа изјава му е врежана во меморијата и дека ја кажал искрено, далеку од камерите.
„Значи, секогаш кога некој ќе ми каже дека Меган е виновна што си заминале, тој разговор секогаш ми доаѓа на ум затоа што тој секогаш го имал тоа во него – тој потенцијал да побегне. Мислам дека Меган излезе и рече: „Држи ме за рака и ќе избегаме заедно“, додаде.