ПРИНЦОТ ХАРИ ЈА ТРГНАЛ СЛИКАТА НА СВОЈАТА БАБАТА ОД ЅИД: Причината поради која ја симна фотографијата на кралицата Елизабета од ѕид е БИЗАРНА

Принцот Хари повторно е во очите на јавноста. Имено, актерот и комичар Педи Мекгинис изјавил дека Хари еднаш ја симнал фотографијата на неговата покојна баба, кралицата Елизабета Втора, за време на една „дива забава“ , пишува Дејли мејл.

Ѕвездата на „Top Gear“ тврди дека излегол со него и со голем број познати „фаци“, и дека една ноќ го видел принцот како ја отстранува сликата на кралицата од ѕидот за таа да не може да го „гледа“ додека се забавувал во клуб во Лондон.

Кралицата Елизабета

Мекгинис ја раскажа приказната во подкаст и додаде дека принцот Хари го прегрнал и бакнал пред да ја отстрани сликата на кралицата „за да не го види“. Клубот, вели, имал тајна врата низ која влегувале и излегувале познатите личности.

Не е тајна дека Хари во младоста бил познат по лудите забави, а претходно признал дека се дрогирал . Тој рече дека бил толку вознемирен поради смртта на неговата мајка, принцезата Дијана, што се свртел кон обилно пиење и земање дрога, вклучително и кокаин, за да се справи со тагата.

принцот Хари

„Се свртев кон тешкото пиење затоа што сакав да ги отепам емоциите и да се одвлечам од тоа. Знаете, и јас користев дрога“, откри тој во интервјуто со Андерсон Купер на „60 минути“ и призна дека пушел трева и земал кокаин. затоа што се чувствувал „безнадежен и изгубен“ во доцните 20-ти.